Во близина на Ајвалик од морето спасени 25 сириски бегалци

Екипите на турската крајбрежна стража во близина на населеното место Ајвалик кај градот Баликесир спасија од морето 25 сириски бегалци

454763
Во близина на Ајвалик од морето спасени 25 сириски бегалци

Во водите на Егејското Море во близина на населеното место Ајвалик кај градот Баликесир беа спасени 25 илегални мигранти.

Екипите на Командата на крајбрежната стража во близина на населеното место Ајвалик кај градот Баликесир спасија од морето 25 сириски бегалци чиј чамец при обид за премин по незаконски патишта на грчкиот остров Лезбос-Митилини (турски Мидилли) почнал да тоне.

Екипите на турската крајбрежна стража започнаа и активности за пребарување по двајца бегалци за кои беше соопштено дека исчезнале во близина на островот Чиплак во Егејското Море.



Слични вести