„Процесот за решение беше започнат со добронамерност, но беше злоупотребен“

Претседателот Ердоган истакна дека процесот за решение кој што беше започнат со добронамерност, во сериозна смисла беше злоупотребен за внесување на оружје во земјата од страна на терористичката организација ПКК

454903
„Процесот за решение беше започнат со добронамерност, но беше злоупотребен“

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган синоќа во Силаххане во дворецот Јилдиз во Истанбул во рамките на „Специјалната програма претседателот Ердоган се состанува со младите“ која беше емитувана во живо на екраните на ТРТ одговараше на прашањата на младите посветени на последните случувања во Турција и светот.

Ердоган информираше дека фудбалскиот дерби натпревар помеѓу Фенербахче и Галатасарај кој требаше да се одржи синоќа беше одложен поради добиени сериозни информации за можност од реализација на терористички напад.

Претседателот Ердоган истакна дека процесот за решение кој што беше започнат со добронамерност, во сериозна смисла беше злоупотребен за внесување на оружје во земјата од страна на терористичката организација ПКК.

На прашањето на еден студент „Се наоѓаме во процес кога со терористички настани и бомбашки напади се цели кон спокојството и стабилноста на нашата земја. Како да постои речиси политика на заплашување. Што треба да правиме?“, претседателот Ердоган одговори дека борбата на Турција против тероризмот е со минато од 35 години, подвлече дека поради должината на границите на Турција со земји како што се Сирија, Ирак и Иран тешко е да се спречат обидите за внесување оружје, а воедно објасни дека во операциите кои што се спроведуваат во југоисточниот дел на земјата се пронаоѓаат оружје во подрумските катови и во канализационите мрежи.

Велејќи дека никако нема да се отстапи од овие операции, Ердоган појасни дека терористите освен тоа што не ги претставуваат Курдите во регионот, тие никако не го сакаат и курдскиот народ и ги попречуваат услугите кои што се носат во овој дел на земјата.

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган на средбата со младите се осврна и на сириската криза во врска со што рече: „Постои Сирија каде што се убиени и измасакрирани 500 илјади луѓе. Постои злосторник и терорист како Асад кој врши државен тероризам. Всушност тој треба да биде изнесен пред судот во Хаг, но меѓународната заедница засега не го стори тоа.“

Ердоган истакна дека лидерите на земјите членки на ЕУ од 1963 година во однос на членството на Турција досега постојано применуваат тактика на добивање во време и привлече внимание дека на тој начин со донесени ненадејни политички одлуки во последните неколку години бројот на земјите членки на ЕУ од 15 се зголеми на 28.

Подвлекувајќи дека ЕУ како по прашањето на членството така и во однос на безвизниот режим не се однесува искрено кон Турција, претседателот Ердоган нагласи дека и е одземено правото на Турција во однос на Шенген зоната.

На дневен ред на претседателот Ердоган на средбата со младите се најде и укинувањето на пратеничкиот имунитет.

Притоа истакнувајќи дека политиката треба да се извади од улога на бариера, претседателот Ердоган го поддржа повикот на премиерот Ахмет Давутоглу за укинување на пратеничкиот имунитет за спроведување судска истрага во врска со сите 506 досиеја кои чекаат во Собранието.



Слични вести