Порака со сочувство од Бердимухамедов до Ердоган

Туркменистанскиот претседател Гурбангули Бердимухамедов испрати порака со сочувство до претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган по повод кукавичкиот терористички напад во Истанбул, во саботата

455124
Порака со сочувство од Бердимухамедов до Ердоган

Туркменистан остро го осуди самоубиствениот терористички напад на улицата Истиклал, во Бејоглу во Истанбул во кој животот го загубија четворица странски државјани, а 39 лица од кои 24 странци беа повредени.

Туркменистанскиот претседател Гурбангули Бердимухамедов испрати порака со сочувство до претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган по повод кукавичкиот терористички напад во саботата.

Бердимухамедов во својата порака истакна дека Туркменистан целосно ја поддржува меѓународната заедница во борбата против треоризмот.

Туркменистанскиот претсеател Гурбангули Бердимухамедов во пораката го изрази своето сочувство до семејствата и блиските на жртвите во терористичкиот напад, а на повредните им посака побрзо оздравување.



Слични вести