Порака со честитка од премиерот Давутоглу по повод Невруз

Премиерот Ахмет Давутоглу објави порака со честитка во која им го честита празникот на пролетта Невруз на сите граѓани

455409
Порака со честитка од премиерот Давутоглу по повод Невруз

Премиерот Ахет Давутоглу во пораката со честитка што ја објави по повод празникот Невруз истакна дека Невруз е древна традиција која што продолжува стотици години на една пространа географија која се протега од Балканот до Блискиот исток и од Анадолија до Централна Азија.

Давутоглу во пораката порача: „За инает на оние кои доаѓањето на пролетта и будењето на почвата ги доведуваат во состојба на повод за насилство и омраза, на овој убав ден сите заедно целиот народ треба да го возвишиме универзалниот глас на љубовта, мирот и братството и да покажеме дека сме против секој вид насилство и тероризам.“

Нагласувајќи дека Невруз кој ги наговестува изобилството и берикетот на пролетта и будењето на почвата онака како што се слевеше низ вековите и денеска треба да стане симбол кој што ги зацврстува мирот и братството, премиерот Ахмет Давутоглу во пораката го подвлече следното: „Невруз кој што го славиме денеска е ден кога треба да се појават многу повеќе на преден план од било кога досега нашето братство, единство и заедништво. Со овие мои мисли со најискрени желби на сите наши граѓани им го честитам празникот Невруз и посакувам овој убав ден кој ги наговестува будењето и пролетта, да му донесе спокојство и берикет на нашиот народ и на целото човештво.“



Слични вести