Остри реакции од светот против терористичкиот напад во Истанбул

По кукавичкиот терористички напад на улицата Истиклал во Истанбул пристигнаа реакции со осуда и проколнување од целиот свет.

454293
Остри реакции од светот против терористичкиот напад во Истанбул

Еврокомесарот за преговори за проширување и соседска политика Јоханес Хан во својата порака што ја испрати преку социјалната мрежа Твитер истакна дека остро го осудува терористичкиот напад во Истанбул и ја споделува болката на жртвите во овој напад.

Еврокомесарот за миграција и внатрешни работи Димитрис Аврамопулос исто така осто го осуди кукавичкиот терористички напад и нагласи дека заедничката борба против тероризмот ќе продолжи.

Претседателот на Европскиот парламент (ЕП) Мартин Шулц го истакна следното: „Го изразувам моето сочувство до семејствата на загинатите во грозоморниот самоубиствен терористички напад во Истанбул и на повредените и посакувам побрзо оздравување.“

Терористичкиот напад во Истанбул остро го осуди и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг кој рече: „На тероризмот никако не може да му се придаде легитимитет. Сите сојузници на НАТО стојат покрај Турција во борбата против секој вид на тероризам.

Портпаролот на Советот за нацинална безбедност на Белата куќа Нед Прајс истакна дека САД најостро го осудуваат терористичкиот напад во Бејоглу во Истанбул.

Прајс рече: „Продолжуваме цврсто да ја поддржуваме Турција како наш сојузник во НАТО и наш партнер. Овие терористички напади во Турција треба да престанат. За време на истрагата сме во близок контакт со турските функционери и повторно ја ветуваме нашата приврзаност за заедничко делување против овој ѓаволски тероризам.“

Во пораката преку Твитер сметката на американскиот конзулат во Истанбул беше напишано следното: „Шокирани сме и тажни поради експлозијата на Истиклал. Ја споделуваме жалоста на семејствата на загинатите и на повредените и посакуваме побрзо оздравување.“

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху истакна дека денеска тероризмот кој евулира на меѓународно ниво, во моментов им се заканува на Блискоисточните земји па дури и на земјите вон Блискиот исток и дека одговорот против ова зло треба да се даде во меѓународни рамки.

Нетанјаху напомена дека за префрлување во Израел на повредените и загинатите израелски граѓани бил испратен медицински авион.

Бенјамин Нетанјаху подвлече дека неговата земја е во комуникација со Турција и дека се истражува дали нападот е насочен против израелските граѓани.

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Марк Ајро го истакна следното: „Остро го осудувам овој грозоморен и кукавички напад. Франција е во солидарност со Турција и турскиот народ во борбата против тероризмот.“

Генералниот конзул на Обединетото Кралство во Истанбул Леиг Тарнер во својата покара преку социјалната мрежа го напиша следното: „Мошне сум тажен поради експлозијата што се случи денеска во Истанбул. Моите мисли се со погодените во настанот и нивните семејства.“

Грузискиот премиер Григори Квирикашвили во својата порака истакна: „Терористичките напади кои ја потресоа Турција во последно време се крајно загрижувачки. Веруваме дека турскиот народ ќе излезе од оваа тешка состојба.“

Квирикашвили нагласи дека турската влада заедно со своите меѓународни партнери ќе го сопре тероризмот.

Косовскиот претседател Хашим Тачи и албанскиот министер за надворешни работи Дитмир Бушати во своите пораки преку социјалната мрежа Твитер нагласија дека ги споделуваат болките на Турција и дека се во солидарност со турскиот народ.



Слични вести