Објавени деталите на договорот меѓу ЕУ и Турција

Почнувајќи од 20 март, ќе започне испраќањето на сите нерегуларни имигранти кои од Турција преминаа на грчките острови.

453916
Објавени деталите на договорот меѓу ЕУ и Турција

Објавени деталите на договорот меѓу ЕУ и Турција со кој се предвидува да се изнајде коренито решение на бегалската криза.

Заедничката декларација која беше објавена на крајот на самитот во Брисел, започна со изразување сочувство на турскиот народ по повод терористичкиот напад. Во декларацијата беше обновена поддршката на борбата против сите видови тероризам.

Согласно членовите на постигнатиот договор, почнувајќи од 20 март, ќе започне испраќањето на сите нерегуларни имигранти кои од Турција преминаа на грчките острови.

Сите трошоци за реадмисијата на имигрантите ќе бидат намирени од страна на ЕУ.

За секој имигрант кој ќе биде донесен од грчките острови во Турција, за возврат од Турција ќе биде испратен по еден сириски имигрант во земјите членки на ЕУ. Според проценките, бројот на имигрантите кои се предвидува од Турција да се испратат во ЕУ изнесува околу 72 илјади лица

Со цел да се укинат визите за турските граѓани за ЕУ, ќе се интензивираат активностите за визна либерализација.

Исто така ќе се интензивира процесот на доставување на 3 милијарди евра од европските фондови кои ќе бидат наменети за подобрување на условите на сириските бегалци во Турција. До крајот на 2018 година ЕУ ќе испрати уште дополнителни 3 милијарди евра за сириските бегалци.

На Самитот на ЕУ беше усвоена одлука за започнување на 33-то поглавје на преговори со Турција на патот на пристапувањето во ЕУ кое се однесува на Финансиските и буџетски одредби. Одлуката за започнување на преговорите беше донесена да се исполни до 30 јуни, периодот кога завршува привременото претседателствување на Холандија со ЕУ.

Целосно беше прифатен предлогот на Турција за формирање безбедносни зони во Сирија преку кои се предвидува да им се пружи помош на настраданите Сиријци.

На барање на Турција во содржината на договорот беше вметната и Царинската унија. Во тие рамки, Турција и ЕУ изразуваат задоволство од активностите за ажурирање на Царинската унија.



Слични вести