ЕУ прифати поголем број од предлозите на Турција

Во рок од една недела ЕУ ќе обезбеди финансии за проектите кои ги започна Турција за бегалците

ЕУ прифати поголем број од предлозите на Турција

ЕУ на денешниот самит на лидерите во Брисел прифати поголем број од предлозите на Турција за изнаоѓање решение на бегалската криза.

Претседателот на Советот на Европа Доналд Туск рече дека на лидерите на 28 земји членки на ЕУ се подготвуваат да им го достават предлог договорот со кој се предвидува да се намали влезот на беглаците во ЕУ преку Турција.

Според содржината на предлогот, за визна либерализација за турските граѓани се предвидува потребните подготовки да завршат до крајот на идниот месец и либерализацијата да започне во јуни.

Во рок од една недела ЕУ ќе обезбеди финансии за проектите кои ги започна Турција за бегалците. За возврат Анкара во рок од 3 дена ќе почне со имплементацијата на договорот за реадмисија.

Во рамките на преговорите кои се водат за пристапување на Турција во ЕУ, во јуни ќе се отвори 33-то поглавје (Финансиски и буџетски одредби).

Ако овие одредби се прифатат и од страна на Јужниот кипарски дел, извори на ЕУ изразија надеж дека од договорот со Турција.




Слични вести