Денес 18 март се одбележува 101 годишнина од Битката на Чанаккале

Епот Чанаккале претставува еден од ретките симболи на победа на волјата и вербата против технологијата

453301
Денес 18 март се одбележува 101 годишнина од Битката на Чанаккале

Денес 18 март се одбележува 101 годишнина од Битката на Чанаккале (Дарданелите)

Денес на полуостровите Чанаккале (Дарданелите) и Гелиболу (Галиполе) се одбележува 101-та годишнина од славната поморска победа која во историјата беше забележана со златни букви и тоа дека „Чанаккале не може да се помине“.

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган во пораката по повод 101 годишнина од Сеќавањето на јунаците и победата на Чанаккале рече дека епот Чанаккале претставува еден од ретките симболи на победа на волјата и вербата против технологијата и дека тоа претставува дело на сто илјадници јунаци кои без колебање ги положија своите животи за татковината и народот.

Сите оние кои што се прашуваат: „Кои сме ние во суштина?“, нека се свртат кон Чанаккале, бидејќи одговорот што го бараат ќе го најдат таму.

Таму лежат јунаците на епот, Таму лежи Ахмет од Палестина, Селахадин од Мосул, Мухамед од Судан, Али од Тунис, Мурат од Босна, Кемал од Крим како и низа други јунаци од сите градови на Анадолија, Тракија чии имиња не ќе можам да ги набројам.

Пламенот на огнот кој што почна да гори во Чанаккале, во кој народот ги жртвуваше најелитните, најучени, најпродуктивни генерации, заврши со наоѓањето на силата за водење на Народноослободителната војна и формирање на новата држава. Уште еднаш ви ја честитам 101-та годишнина од Победата на Чанаккале и на чело со Гази Мустафа Кемал, на сите јунаци им посакувам благонаклоност, рече претседателот Ердоган.

По пораката на претседателот Ердоган по повод 18 март, втората порака беше објавена од страна на началникот на генералштабот.

Началникот на генералштабот, генерал на армија Хулуси Акар во пораката рече: Несомнено дека Победата на Чанаккале, особено од аспект на резултатите ја промени историјата на човештвото и претставува голем успех кој ја промени судбината на турскиот народ.

Началникот на генералштабот Акар додаде дека во овој значаен ден, со почит и благодарност се сеќаваме на Гази Мустафа Кемал Ататурк и неговите другари по оружје, како и сите јунаци кои загинаа во војната.



Слични вести