Пуштени на слобода четворица од 14-те приведени во врска со терористичкиот напад во Анкара

Сослушувањето на 10 приведени лица продолжува во Одделот за борба против тероризмот во полициската управа на Анкара

452802
Пуштени на слобода четворица од 14-те приведени во врска со терористичкиот напад во Анкара

Пуштени на ослобода четворица од 14-те приведени лица по терористичкиот напад во Анкара на 13 март во недела во кој животот го загубија 37 лица.

Како што се дознава четворицата ослободени осомничени лица биле притворени во градот Шанлиурфа во врска со работите за изнајмување на автомобилот употребен во терористичкиот напад.

Сослушувањето на останатите 10 приведени лица пак продолжува во Одделот за борба против тероризмот во полициската управа на Анкара.

Во меѓувреме одговорноста за терористичкиот напад во Кизилај, едниот од најпрометните делови на Анкара ја презеде терористичката организација ПКК.

Според добиени информации од полициски извори одговорноста за терористичкиот напад ја презеде терористичката организација ТАК која инаку е една од продолжетоците на терористичката организација ПКК и призна дека извршител на самоубиствениот напад е терористката Сехер Чагла Демир, позната под кодното име „Дога Жијан“.

Во меѓувреме премиерот Ахмет Давутоглу го посети плоштадот Кизилај, местото каде што беше реализиран терористичкиот напад во Анкара.

Премиерот Давутоглу на местото на нападот положи каранфили и беше придружуван од неговата сопруга Саре Давутоглу и пратениците од Анкара.



Слични вести