Документот за укинување на пратеничкиот имунитет на Тугба Хезер испратен во собранието

Документот за укинување на пратеничкиот имунитет на пратеничката на Демократската партија на народите (ХДП) од градот Ван Тугба Хезер испратен во собранието

452643
Документот за укинување на пратеничкиот имунитет на Тугба Хезер испратен во собранието

Подготвениот документ за укинување на имунитетот на пратеничката на Демократската партија на народите (ХДП) од градот Ван Тугба Хезер од Владата испратен во Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ).

Пратеничката на ХДП од Ван Тугба Хезер го посети шаторот за сочувство кој што беше поставен во градот Ван за терористот Абдулбаки Сомер извршителот на терористичкиот напад на 17 февруари во Анкара во кој животот го загубија 29 лица, а над 100 лица беа повредени.

По овој настан од страна на Републичкото Главно јавно обвинителство на Ван против пратеничката Тугба Хезер беше започната истрага за кривични дела „вршење пропаганда на терористичката организација“ и „упатување пофалба на сметка на кривично дело и извршителот на тоа кривично дело“.

Главното јавно обвинителство од чија страна беше документот за укинување на пратеничкиот имунитет на Тугба Хезер со образложение дека се реализирани законските елементи на кривичните дела за коио се терети осомничената пратеничка согласно членот 83 од Уставот побара да и се укине пратеничкиот имунитет.

Текстот кој што најпрвин од страна на министерството за правда беше изпратен до Владата, оттука е испратен и во Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ).



Слични вести