Давутоглу предложи да се укине имунитетот на пратениците за судска истрага

Премиерот Ахмет Давутоглу предложи да биде укинат имунитетот на пратениците за спроведување судска истрага во врска со 506 досиеја кои чекаат во Собранието

452833
Давутоглу предложи да се укине имунитетот на пратениците за судска истрага

Премиерот Ахмет Давутоглу за време на посетата на Конфедерацијата на еснафите и занаетчиите на Турција одговараше на прашањата на новинарите.

Притоа на едно новинарско прашање во врска со пратеничкиот имунитет Давутоглу предложи да биде укинат имунитетот на пратениците за спроведување судска истрага во врска со досиеја кои што чекаат во Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ).

Давутоглу рече: „Дојдете заедно да го укинеме имунитетот. Во моментов во собранието чекаат 506 досиеја за укинување на пратеничкиот имунитет. Да ги укинеме сите заедно. Нема ниту едно досие од кое што би се плашела АК Партијата.“

На предлогот на премиерот Ахмет Давутоглу за укинување на пратеничкиот имунитет за спроведување на судска истрага пристигнаа позитивни изјави од Републиканската народна партија (ЏХП) и Партијата за националистичко движење (МХП).

Потпретседателот на пратеничката група на Републиканската народна партија (ЏХП) Левент Ѓок рече дека овој предлог на премиерот Давутоглу се поклопува со предлогот на неговата партија, а потпретседателот на пратеничката група на Партијата за националистичко движење (МХП) Октај Вурал истакна дека неговата партија е на страната на укинување на сите имунитети на пратениците освен имунитетот за време на нивниот говор на говорницата.



Слични вести