Напаѓачот во терористичкиот напад на 13 март во Анкара обучен во кампот на ПЈД

Граѓаните уште повеќе се сплотуваат околу мотото една татковина, едно знаме.

451875
Напаѓачот во терористичкиот напад на 13 март во Анкара обучен во кампот на ПЈД

Напаѓачот во терористичкиот напад на 13 март во Анкара во кој загинаа десетици невини лица беше обучен во кампот на ПЈД, фракцијата на терористичката организација ПКК во Сирија.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека сторителот на кукавичкиот напад, терористката Сехер Чагла Демир била родена во 1992 година и регистрирана во евиденцијата на матичната книга на родени што се води за општина Кагизман во Карс.

Терористката е активна членка на сепаратистичко-терористичката организација ПКК од 2013 година наваму.

Терористката потоа преминала во Сирија каде во рамките на терористичката организација ЈПГ биле обучена да врши крвави терористички акции.

На тој начин уште еднаш беше потврдена тезата на Турција дека меѓу ПКК и ПЈД нема никаква разлика.

Организацијата која беше раскринкана во земјава и наиде на големи загуби, монструмите кои ги обучи во странство, ги тера на крвопролевање во големите градови.

Некои западни сили и земји, меѓу кои и САД, кои не можат да ја сфатат и увидат оваа повзраност, беа причина за човечките загуби во неделата навечер во Анкара.

ПЈД која од страна на одредени земји за жал не се прифаќа за терористичка организација меѓу оние во Сирија, обучи уште еден монструм кој ни го пушти на нашите територии.

Турскиот народ е убеден и верува дека кукавиците ќе се удават во сопствената крв.

Од недела наваму, од сите места на Турција и сите делови на општеството пристигнуваат пораки во кои се проколнува тероризмот.

Граѓаните уште повеќе се сплотуваат околу мотото една татковина, едно знаме.



Слични вести