Порака со сочувство и поддршка од Камерон до Давутоглу

Премиерот Ахмет Давутоглу и британскиот премиер Дејвид Камерон водеа телефонски разговор посветен на терористичкиот напад во Анкара и постигнатиот принципиелен договор меѓу Турција и ЕУ

451313
Порака со сочувство и поддршка од Камерон до Давутоглу

Премиерот Ахмет Давутоглу оствари телефонски разговор со британскиот премиер Дејвид Камерон.

Во телефонскиот разговор остварен на барање на Камерон освен за реализираниот кукавички терористички напад во Анкара стана збор и за состанокот на Европскиот совет кој ќе се одржи на 17 март во четврток и на кој ќе се разгледа принципиелниот договор меѓу Турција и ЕУ.

Британскиот премиер Дејвид Камерон го изрази до премиерот Давутоглу своето сочувство по повод терористичкиот напад во Анкара и ја достави поддршката на неговата земја на Турција вклучувајќи ја и размената на информации во врска со случајот.

Премиерот Давутоглу исто така го изрази своето задоволство и рече дека турската влада е во контакт со британската амбасада во Анкара.

Во телефонскиот разговор стана збор и за самитот меѓу Турција и ЕУ што се одржа минатата недела во Брисел при што и двајцата премиери истакнаа дека се едногласни оти постигнатиот принципиелен договор претставува добра основа за состанокот на Европскиот совет што ќе се одржи на 17 март во четврток.

Двајцата премиери, Давутоглу и Камерон беа едногласни во однос на тоа дека доколку биде ставен во примена овој договор ќе може да се спречат активностите на криумчарите со луѓе и мигрантите ќе се воздржуваат од излегување на опасни патувања преку Егејското Море.



Слични вести