Сочувство од Меркел до претседателот Ердоган

Ангела Меркел го изрази своето сочувство до претседателот Ердоган за жртвите во терористичкиот напад во Анкара

450755
Сочувство од Меркел до претседателот Ердоган

Германската канцеларка Ангела Меркел го побара по телефон претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган до кого го изрази своето сочувство за жртвите во терористичкиот напад во Анкара и го осуди овој терористички акт.

Меркел истакна дека Германија во однос на борбата против тероризмот стои покрај Турција и дека ги споделува болките на турскиот народ.

Телефонски повици со сочувство до претседателот Ердоган поради терористичкиот напад во Анкара пристигнаа и од Катарскиот емир и грчкиот претседател.

И двајцата лидери нагласија дека се во целосна солидарност со Турција.



Слични вести