Бројот на жртвите во терористичкиот напад во Анкара се зголеми на 37 лица

Бројот на жртвите во вчерашниот кукавички терористички напад во Кизилај во Анкара се зголеми на 37 лица, а 71-но рането лице се наоѓаат на лекување во различни болници од кои 14 потешко

450205
Бројот на жртвите во терористичкиот напад во Анкара се зголеми на 37 лица

Бројот на жртвите во реализираниот кукавички терористички напад вчера приквечер во Кизилај во Анкара се зголеми на 37 лица.

Продолжува лекувањето во различни болници во Анкара на 71 повредено лице од кои 14 потешко.

Министерот за здравство Мехмет Муеззиноглу истакна дека меѓу загинатите се наоѓа и најмалку еден самоубиствен-бомбаш.

Во терористичкиот напад реализиран со возило-бомба во близина на автобуските постојки во Ѓувенпарк во Кизилај, едниот од најпрометните делови на Анкара, голем број возила беа оштетени и изгореа, а беше причинета штета и во голем број околни згради.

По нападот на местото на настанот беа испратени голем број амбулантни коли и безбедносни сили

Веднаш по експлозијата местото на настанот беше земено под безбедносен обрач и беше затворено за пешаци и сообраќај.

Над делот од Анкара во Кизилај каде што беше извршен терористичкиот напад прелетуваа хеликоптери.

Сите полициски службеници во Анкара беа повикани на задача, додека Републичкото Главно обвинителство на Анкара за аутопсија на телата на лицата кои го загубија животот во нападот задолжи 8 републички јавни обвинители.



Слични вести