Претседателот Ердоган утре ќе замине во посета на Азербејџан

Ердоган и Алиев ќе претседатаваат со состанокот на Советот за стратешка соработка на високо ниво помеѓу Турција и Азербејџан

449912
Претседателот Ердоган утре ќе замине во посета на Азербејџан

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган утре (15 март во вторник) ќе отпатува во посета на Азербејџан.

За време на оваа еднодневна посета на Баку под претседателство на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и азербејџанскиот претседател Илхам Алиев ќе се одржи состанок на Советот за стратешка соработка на високо ниво помеѓу Турција и Азербејџан.

На дневен ред на средбата на двајцата претседатели Ердоган и Алиев во Баку ќе се најде и проектот Трансанадолски гасовод (ТАНАП).

На разговорите ќе стане збор и за забрзување на работите за реализација на овој проект за кој се предвидува да функционира во 2018 година.

Со Трансанадолскиот гасовод (ТАНАП) се има за цел природниот гас од гасното лежиште Шах Дениз 2 во Каспиското Море и од останатите лежишта во Каспискиот басен најпрвин да се испорачува во Турција, а оттука да се транспортира и во Европа.



Слични вести