„Нашата држава нема да се откаже од своето право на самоодбрана“

Претседателот Ердоган во својата порака го напиша следното: „Нашата држава никако нема да се откаже од искористување на своето право на самоодбрана пред секој вид терористичка закана

450084
„Нашата држава нема да се откаже од своето право на самоодбрана“

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган објави писмено соопштение во кое го проколна терористичкиот напад во Анкара.

Претседателот Ердоган истакна дека овие напади го зголемуваат еланот на Турција во борбата против тероризмот.

Велејќи „Турција уште повеќе се обединува пред овие видови настани“, Ердоган го напиша следното: „ Нашиот елан во борбата против тероризмот не се намалува. Борбата против тероризмот сигурно ќе заврши со успех и ќе биде ставено крај на тероризмот.“

Ердоган терористичкиот напад во Анкара го окарактеризира како „неморален и бескурполозен чин“ и привлече внимание дека терористичката организација која ја губи борбата со безбедносните сили реализира напади насочени против недолжните цивили.

Нагласувајќи дека нема да се направат отстапки во борбата против тероризмот, претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган во својата писмена порака го напиша следното: „Поради присутната нестабилност во регионот Турција во последните години станува цел на териористички напади. Терористичките организации и оние од чија страна се користат како маша со тоа што ја губат борбата со безбедносните сили со применување на најнеморалните и најбескурпулозните методи реализираат напади против недолжните цивили. Нашата држава нема да се откаже од искористување на своето право на самоодбрана пред секој вид терористичка закана.“

Претседателот Ердоган подвлече дека Турција со заедничката и обединета сила на својот народ ќе ги остави зад себе и овие тешки денови.



Слични вести