Куртулмуш: ЕУ преку мигрантската криза наново ја откри Турција

Потпретседателот на Владата Нуман Куртулмуш истакна дека без Турција Европа не може да го реши проблемот со мигрантите и додаде дека ЕУ преку мигрантската криза наново ја откри Турција

449671
Куртулмуш: ЕУ преку мигрантската криза наново ја откри Турција

Потпретседателот на Владата Нуман Куртулмуш беше гостин во програмата на еден приватен телевизиски канал и притоа даде значајни изјави по прашањата на укинувањето на имунитетот на пратениците кои се поврзани со тероризмот, работите за подготвување на новиот Устав и прашањето со мигрантите за кое беше разговарано меѓу Турција и ЕУ.

Куртулмуш истакна дека во име на одбрана на демократијата би можел да се укине имунитетот на лицата кои се поврзани со тероризмот.

Подвлекувајќи дека операциите против тероризмот ќе продолжат до крај, Нуман Куртулмуш стави акцент на поддршката која што и се доставува на терористичката организација ПКК од надвор.

Куртулмуш нагласи дека во позадината на терористичката ПКК се наоѓа разузнавачка, логистичка, економска и политичка поддршка.

Потпретседателот на Владата Нуман Куртулмуш рече: „Надворешните сили имаат за цел да се наплати сметката од пред еден век. Имаат за цел да ја распарчат оваа географија уште еднаш. Пред 100 години ги зацртаа границите, а сега се обидуваат да предизвикат поделби и во умовите и срцата.“

На дневен ред на Куртулмуш беа и работите за подготвување на новиот Устав.

Нагласувајќи дека досега уставот на Турција се подготвуваше со наредба на оние кои ја држеа моќта во свои раце, Нуман Куртулмуш рече: „Ние мораме да го подготвиме новиот Устав. Собранието кое располага со национална волја ќе го подготви овој Устав и доколку работите за подготвување на новиот Устав не продолжат во Собранието ќе може да се оди на референдум.“

Осврнувајќи се и на прашањето со сириските бегалци Куртулмуш истакна дека Турција кон прашањето приоѓа без да се земат во предвид етничката и верската припадност и дека при примање на бегалците не правеше никаква поделба меѓу нив.

Правејќи проценка и на разговорите кои што беа водени со ЕУ по прашањето на бегалците, потпретседателот на Владата Нуман Куртулмуш го рече следното: „Без Турција Европа не може да го реши овој проблем со мигрантите. Го согледаа тоа и овој миграциски проблем повеќе од испит за нас во основа претставува испит за ЕУ.“

Куртулмуш додаде дека ЕУ преку мигрантската криза наново ја откри Турција.



Слични вести