Кукавички терористички напад во Кизилај, во центарот на Анкара

Првата официјална изјава по кукавичкиот напад пристигна од Губернијата на Анкара во која се истакнува дека според првичните претпоставки животот го загубија 27 лица, а 75 лица се повредени

450029
Кукавички терористички напад во Кизилај, во центарот на Анкара

Анкара уште еднаш беше цел на кукавички терористички напад.

Подлите терористи повторно стапија на сцена во Кизилај во центарот на Анкара со возило-бомба.

Цел на терористите повторно беа недолжни цивили.

Возило-бомба во вечерните часови во 18:45 часот според турско време експлодира во близина на една автобуска постојка.

По експлозијата на местото на настанот се испратени голем број амбулантни коли и безбедносни сили.

Повредените граѓани беа префрлени со амбулантни коли во најблиските болници.

По експлозијата првата официјална изјава пристигна од страна на Губернијата на Анкара во која се истакнува дека според првичните претпоставки животот го загубија 27 лица, а 75 лица се повредени.

Веднаш по нападот Високиот совет за радиотелевизиско емитување (РТУК) донесе забрана за емитување емисии во врска со нападот.

По кукавичкиот терористички напад претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган кој се наоѓа во Истанбул водеше телефонски разговор со министерот за внатрешни работи Ефкан Ала.

Министерот Ала го информираше претседателот Ердоган за деталите на кукавичкиот напад.

Во меѓувреме во владиниот дворец на Чанкаја во Анкара под претседателство на премиерот Ахмет Давутоглу започна безбедносен состанок.



Слични вести