Давутоглу и Меркел остварија телефонски разговор

Во телефонскиот разговор било разговарано за резултатите од одржаниот самит меѓу Турција и ЕУ на 7 март и подготовките за претстојниот самит Турција-ЕУ на 18 март во Брисел

449906
Давутоглу и Меркел остварија телефонски разговор

Премиерот Ахмет Давутоглу оствари телефонски разговор со германската канцеларка Ангела Меркел.

Според добиени информации од владини извори телефонскиот разговор бил остварен на барање на германската канцеларка Ангела Меркел.

Во телефонскиот разговор било разговарано за резултатите од одржаниот самит меѓу Турција и ЕУ на 7 март и подготовките за претстојниот самит Турција-ЕУ на 18 март во Брисел.

Како што се вели Давутоглу ги споделил со Меркел очекувањата на Турција од претстојниот самит на 18 март, ставањето во примена на безвизниот режим за турските граѓани, новите поглавја за кои се очекува да бидат отворени за преговори со ЕУ, борбата против илегалната миграција, како и модалитетите за кои се очекува да бидат ставени во примена во врска со процедурите на договорот за реадмисија и повторното сместување.

Во контекст на сиве овие прашања пак и германската канцеларка Ангела Меркел ја потврдила својата волја во правец на зајакнување на соработката пред се на Германија со Турција како и на останатите земји на ЕУ, а исто така го информирала детално Давутоглу и во врска со подготовките за претстојниот самит меѓу Турција и ЕУ на 18 март во Брисел.



Слични вести