12 март годишнина од државната химна на Република Турција

Денес со гордост уште еднаш се потсетуваме на тие судбоносни денови и на 12 март 1921 година, ден кога беше усвоена државната химна на Република Турција

449363
12 март годишнина од државната химна на Република Турција

Денес почитувани слушатели го одбележуваме 12 март годишнина од државната химна на Република Турција. Државната химна на Република Турција воедно е и државна химна на Турската Република Северен Кипар.

Конкурсот на Големото национално собрание на Република Турција за државна химна го добива познатиот турски писател и поет Мехмет Акиф Ерсој на 12 март 1921 година. Тоа е период кога сеуште траела народно ослободителната војна против окупаторите предводена од страна на националното собрание.

Познато е дека Мехмет Акиф Ерсој тогаш рекол: Да не даде Аллах овој народ уште еднаш да биде приморан да пишува химна“.

Денес со гордост уште еднаш се потсетуваме на тие судбоносни денови и на 12 март 1921 година, ден кога беше усвоена државната химна на Република Турција како еден од симболите на турската нација.



Слични вести