„Во Турција се згрижени 2 милиони 733 илјади 784 сириски бегалци“

Потпретседателот на Владата Јалчин Акдоган напиша на Твитер дека во Турција се згрижени 2 милиони 733 илјади 784 лица, а 282 илјади 815 лица се сместени во 26 центри за привремено сместување

448427
„Во Турција се згрижени 2  милиони 733 илјади 784 сириски бегалци“

Потпретседателот на Владата Јалчин Акдоган преку својата сметка на Твитер испрати порака во врска со најновата состојба со сириските бегалци во Турција.

Акдоган ја сподели информацијата дека бројот на сириските бегалци во Турција изнесува вкупно 2 милиони 733 илјади 784 лица, додека бројот на сириските бегалци кои престојуваат во 26 центри за привремено сместување достигна до 282 илјади 815 лица.

Истакнувајќи дека Турција им ја отвори својата прегратка на своите браќа кои доаѓаат од Сирија, со тоа презентира морален и совесен став и покажувајќи му на целиот свет дека човештвото се уште не умре не го запиша своето име во историјата, Јалчин Акдоган рече дека исто така е заведено во историјата и тоа што прават или не прават земјите кои водат борба за политички авторитет во Сирија по прашањето на присутната човечка или хуманитарна криза во оваа земја.

Потпретседателот на Владата Јалчин Акдоган нагласи дека залудено е од оние кои ги бомбардираат училиштата, болниците, бебињата и недолжните цивили да се очекува да станат партнери во решавањето на човечката криза и го напиша следното: „Секоја земја го прави она кое што и наликува. Ние ќе продолжиме да сме на страната на оживувањето на лечењето на раните и на прегрнувањето.“



Слични вести