„Турција како досега така и во иднина нема да ја признае илегалната анексија на Крим“

Претседателот Ердоган истакна дека Турција како досега така и во иднина нема да ја признае илегалната анексија на Крим

447792
„Турција како досега така и во иднина нема да ја признае илегалната анексија на Крим“

Вчера во посета на Анкара престојуваше претседателот на Украина Петро Порошенко.

Украинскиот претседател Порошенко во претседателската палата во Бештепе се состана со претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган.

По средбата лице в лице помеѓу двајцата претседатели Ердоган и Порошенко се одржа и состанок на Турско-украинскиот совет за стратешка соработка на високо ниво.

Потоа претседателот на Управниот одбор и генерален директор на Новинската агенција Анадолија (АА) Шенол Казанџи и амбасадорот на Украина Сергеј Корсунски ставија потпис на договорот за соработка помеѓу новинската агенција Анадолија (АА) и украинската новинска агенција УКРИНФОРМ.

Од друга страна беа потпишани и меморандумот за разбирање помеѓу Генералниот секретаријат за национална безбедност на Турција и Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, како и заедничкото соопштение во врска со резултатите од петтиот состанок на Турско-украинскиот совет за стратешка соработка на високо ниво.

Потоа двајцата претседатели Реџеп Тајјип Ердоган и Петро Порошенко одржаа и заедничка конференција за претставниците на печатот.

Ердоган истакна дека Турција како досега така и во иднина нема да ја признае илегалната анексија на Крим.

Претседателот Ердоган рече: „Русија која тогаш кога влезе во Сирија велеше 'Нас не поканија сириските власти затоа сме во Сирија', од чија страна беше поканета тогаш кога влезе во Украина? Каде тоа ќе го постават во меѓународното право? Тоа е логика 'Јас сум силен и сум во право.' Овде не станува збор за праведност“.



Слични вести