Сериското производство на националната пушка ќе започне годинава

Постигнат е значаен напредок на патот на производството на паметна муниција

447566
Сериското производство на националната пушка ќе започне годинава

Премиерот Ахмет Давутоглу рече дека сериското производство на националната пушка ќе започне во текот на годинава, а исто така е постигната значајна етапа и во производството на беспилотното летало.

Премиерот Давутоглу претседаваше со состанокот на Извршниот комитет за одбранбена индустрија.

На прес конференцијата што ја одржа по состанокот, премиерот Давутоглу рече дека му бил предаден прототипот на националната пушка.

Исто така е постигнат е значаен напредок на патот на производството на паметна муниција, рече премиерот Давутоглу и додаде дека на состанокот ги разгледале случувањата во сферата на заедничките борбени авиони.

Давутоглу објави една радосна вест дека започнале еден значаен проект за целосно домашно производство на хеликоптерите од типот Атак.

Во последните два месеци беше забележан значаен пораст во одбранбената индустрија и тоа за 35 насто.

Денес одобривме нови проекти чија вредност изнесува 5,9 милијарди долари. 4.5 милијарди долари од проектите кои ги разгледавме ќе бидат од домашно производство. Меѓудругото го одобривме и проектот чија вредност изнесува 12 милијарди долари, а чиј договор беше завршен.

На состанокот на Извршниот комитет за одбранбена индустрија учествуваа министерот за одбрана Исмет Јилмаз и началникот на генералштабот генерал на армија Хулуси Акар.



Слични вести