Жените не треба да се злоупотребуваат само поради полот

Најголема почит и најискрено сеќавање заслужуваат мајките, сопругите и децата на хероите

446854
Жените не треба да се злоупотребуваат само поради полот

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека жените не треба да се злоупотребуваат и искористуваат само поради полот.

Во говорот на 21-от Голем конгрес на работничките на Турскиот метален синдикат, претседателот Ердоган рече:

Жените чекаат правда, а не само добрина. Жените бараат праведен натпревар, а не квота. Жените бараат правда, а не злоупотреба и искористување. Никој не може да биде индиферентен наспроти нивните барања и да го сврти грбот. Ние до денес секогаш бевме на страната на жените и ги поддржувавме нивните барања. Секогаш бевме против нивното злоупотребување и искористување само поради половата разлика.

Претседателот Ердоган во говорот не ги заборави мајките на хероите и нивните сопруги и рече:

Најголема почит и најискрено сеќавање заслужуваат мајките, сопругите и децата на хероите.

Никој не може да го распарча овој народ, рече претседателот Ердоган и подвлече дека нема да дозволат формирање паралелна држава.

Ние постоиме за следните четири нешта. Еден народ, едно знаме, една татковина, една држава. Никој не може да го распарча овој народ. Сите оние кои што сакаат да подигнат паралелно знаме покрај нашето, немаат место во оваа земја. Сите оние кои што сакаат да ги поделат териториите на нашата татковина, немаат место во оваа земја и ќе бидат погребани во дупки. Никогаш нема да дозволиме формирање паралелна држава, беше дециден претседателот Ердоган.



Слични вести