Во Измир средба Давутоглу-Ципрас

Ципрас допатува во Измир на 4 состанок на советот за соработка на високо ниво меѓу двете соседни земји

446976
Во Измир средба Давутоглу-Ципрас

Грчкиот премиер Алексис Ципрас допатува во Измир на 4 состанок на советот за соработка на високо ниво меѓу двете соседни земји.

Ципрас со државна церемонија беше пречекан на меѓународниот аеродром Аднан Мендерес кај Измир.

Алексис Ципрас со делегацијата во негова придружба меѓу кои и неколку министри по свечената церемонија пристигна во владината зграда во Измир каде беше пречекан од страна на домаќинот премиерот Ахмет Давутоглу.

По состанокот на советот за соработка на високо ниво меѓу Турција и Грција премиерите Давутоглу и Ципрас ќе одржат конференција за печатот.



Слични вести