Турската жена го има добиено своето заслужено место во општеството

Претседателот Ердоган се обрати на 5.Меѓународен собир на женскиот труд организиран по повод 8 март Меѓународниот празник на жената

446257
Турската жена го има добиено своето заслужено место во општеството

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган се обрати на 5.Меѓународен собир на женскиот труд организиран по повод 8 март Меѓународниот празник на жената од страна на синдикатот Хак-Иш.

Претседателот Ердоган им изрази благодарност на сите жени кои се докажале како со својот труд така и со својот успех и рече:

Вие се херои кои сте се докажале дека можете да опстанете на сопствени нозе како независни единки во оваа држава. Вие исто така претставувате пример за тоа дека жената може да го добие заслуженото место во општеството без да се злоупотреби нејзиниот пол,и тоа благодарение на својата личност, цврстата воља и решителност, со верба и со зачувување на своите вредности. Убеден сум во тоа и цврсто верувам дека турската жена ќе се спротивстави на сите видови на експлоатација на нејзината личност, дело и труд под изговор на еднаквост. Правдата е прашање кое ги интересира сите без разлика дали се мажи,жени или деца. Да не заборавиме, таму каде ја нема жената, го нема и човекот“ , подвлече претседателот Ердоган.



Слични вести