Ердоган предложи на северот на Сирија да се формира еден нов град

На помошта што им ја пружаме на бегалците, Турција не гледа од аспект на хомо економикус

444923
Ердоган предложи на северот на Сирија да се формира еден нов град

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган предложи на северот на Сирија, во близината на границата со Турција да се формира еден нов град.

Во говорот на доделувањето на наградите Зелена полумесечина Феникс во Истанбул, претседателот Ердоган рече: На северот на Сирија, во близината на границата со Турција да формираме град според локалната архитектура.

На претседателот на Советот на Европа Доналд Туск му кажавме дека наспроти Европа, Турција никогаш не ги затвори своите граници за Сиријците рече претседателот Ердоган и посочи на значењето и потребата за преземање заедничка иницијатива за олеснување на товарот на Турција.

Претседателот Ердоган во говорот предложи да се формира нов град на северот на Сирија кој ќе се простира на површина од 4500 км² и потенцираше дека во овој град ќе можат да се населат сите оние кои што сакаат да ја напуштат Сирија или пак Сиријците кои престојуваат во Турција.

Овој предлог наиде на широк оддек на досегашните средби рече претседателот Ердоган и посочи дека координатите на новиот град му ги доставил на американскиот претседател Барак Обама, но за жал кога дојде ред на остварување на идејата, меѓународната заедница остана индиферентна.

Турција се наоѓа меѓу првите три земји во светот кои пружаат хуманитарна помош, рече претседателот Ердоган и посочи дека само во последните 5 години Турција за бегалците од Сирија потроши над 10 милијарди долари. Во рамките на пресметаниот цех не е вклучена помошта на Невладините организации и општините.

На помошта што им ја пружаме на бегалците, Турција не гледа од аспект на хомо економикус , рече претседателот Ердоган и подвлече:

Гледано од аспект на нашите цивилизациски вредности придобивки, настанот е многу поразличен. Оној што ни дава е многу поаерлија од оној што зема. Што ни вели Запад? Ете ќе ви дадеме 3 милијарди евра. Поминаа 4 месеци откако дадоа ветување за доделување помош, а и натаму продолжуваат да даваат.



Слични вести