Да се заборави или да се сеќавате: Како треба да се однесуваме со историјата

Заборавањето претставува благослов, додека сеќавањето опасен и скап потфат

445197
Да се заборави или да се сеќавате: Како треба да се однесуваме со историјата

Да се заборави или да се сеќавате: Како треба да се однесуваме со историјата

Ибрахим Калин - Дејлисабах, 05.03.2016

Да се заборави или да се сеќавате, двата поими содржат доблест. Кој од наведените поими ќе го употребуваме има доста критично значење од аспект на тоа како да станеме подобри луѓе.

Група научници го бранат ставот дека заборавањето претставува благослов, додека сеќавањето опасен и скап потфат. Луѓето и заедниците можат да имаат шанса да постигнат развој единствено ако можат да ги заборават случувањата во минатото и да погледнат кон иднината. Во свет во кој сето она што го доживуваме, милиони спомени сме принудени да го заборавиме за само една минута, заборавањето не претставува само реалност туку и доблест. И тоа таква доблест која што може да ни помогне да побегнеме од минатото.

Навистина, дали може да го постигне тоа?

Заборавањето е една од основните човечки особини. Со текот на времето сите луѓе по нешто забораваме. Заборавањето ни помага во надминувањето на тешките и тажни денови. Дали можете да замислете цел живот да живеете со тажните мигови или трагичните загуби? Тогаш не ќе можевме да стекнеме нови пријатели ниту пак да напишеме нова електронска пошта. Ниче е во право кога вели дека без заборав, не е можно да се живее. Можеби самото заборавање претставува благослов.

Несомнено е дека историјата, манипулираше со неправдата и угнетувањето за да ги легитимизира. Нацистите во Германија и фашистите во Италија за создавање национални идеолошки споменици ја искористија историјата. Од периодот на одвојувањето во 1947 се до геноцидот во Гуџарат во 2002 година, насилството на Хинду националистите врз индиските муслимани одигра улога на случувањата да се гелда од макијавелистички гледна точка. Некогаш историјата може да биде многу опасно оружје. Насилството врз христијанската грчка заедница во Турција на 6-7 септември 1955 година, беше причина спомените и сеќавањата да бидат искривени во други цели. Случувањата кои започнале врз основа на историјата, никогаш не недостасуваат.

Турскиот поет Мехмет Акиф Ерсој во една од песните истакнува дека историјата се повторува, но за жал луѓето не ги извлекуваат потребните поуки.

Акиф е еден од поетите кој имаше можност да го види насилството на војната кое ја потресе Османлиската империја во периодот од 1910 до 1920 година. Силната свест и книжевна моќ со која располагаше, преку своите песни и дела не предупредуваше да не ги повторуваме истите грешки во минатото и затоа да се донесуваме како ништо да не се случило. Оваа состојба од многу аспекти не потсетува на познатата изрека на Џорџ Сантајана кој вели „Сите оние кои што не се сеќаваат на своето минато, се осудени да го повторат“. Сантајана делумно е во право, бидејќи и сите оние кои што многу добро ја знаат својата историја, исто така можат да погрешат.

Од друга страна пак историјата може да биде и извор на добрина. Може да послужи во остварувањето на многу повисоки цели надвор од опортунистичките политики и културни стереотипи. Имено може да ни послужи да се издигнеме над нашите себични перспективи кои се засноваат на колективната историја и заеднички вредности.

Гледано од еден подлабок аспект, сеќавањето на сето она што има суштинско значење може да ни помогне во осознавањето на самите себе.

Исламската интелектуална традиција смета дека заборавањето и сеќавањето како две клучни човечки особини, ќе ни овозможат да ја исполниме нашата човечност. Според широко прифатена етимологијата, зборот "insan" (човек) на Арапски, произлегува од коренот на зборот „nisyan“ што значи заборавање. (Постојат и други етимолошки теории кои зборот „insan“ (човек) го поврзуваат со "блискост кон Божественото".

Според Ибн Абас, еден од авторитетите на раниот период на Тефсирот, една од основните причини за доделувањето на зборот „инсан“ е фактот дека луѓето го заборавиле суштинскиот и прв договор што го постигнале со Бог.

Човекот е суштество кое заборава и лек за тоа е сеќавањето. Што е, интересно пак, сеќавањето се поврзува за Божественото и молењето кон него. Она пак што ние го забораваме е нашиот договор (завет) со Бога и она што ние треба да се сеќаваме и паметиме е врската која лежи во основата световна историја и пошироко.

Во еден ударен стих на Куранот, се упатува следниот повик до луѓето кој гласи "Немојте д бдуиете од оние кои го заборавиле Аллах и биле заборавени од страна на Аллах (Куран, 59/20).

Заборавањето на една од најважните вистини си има своја цена и истата ја плаќаат луѓето.

Класичните муфесири како што се Ибн Катхир, табари ал-рази и другите сметаат дека вториот дел од овој стих се однесува на фактот дека заборавањето на Бога доведува до самоотуѓување и запоставување на сето она што е добро за самите луѓе. Дури самопредизвиканата амнезија не ни дава подобра перспектива за живот.

Самите ние треба да се сетиме на она што навистина е добро, што не ослободува и збогатува наместо да не затвора. Ние дури самите да посакаме, не можеме целосно да го избришеме ужасот на историјата во минатото од меморијата и сеќавањата. Во суштина нема потреба да се оди во крајности. Со сите поуки што ги содржат, ние треба да се сеќаваме на Ибрахим (Аврам) и неговото племе, Нух (Ное) и бродот, Муса (Мојсеј) и егзодусот, Иса (Исус) и неговите искушенија, нападите на многубожците од Мека врз исламскиот Пејгамбер, крстоносните војни и монголски инвазии, искуството на андалузиската „convivencia“ односно соживот и реконквистата која го заврши овој период. Како се приближуваме кон денешниот период во кој живееме, не можеме да ги затвориме очите и да бидеме индиферентни наспроти случувањата како што се ужасот на холокаустот, геноцидот во Руанда и Босна, како и сето она што се случува денес во Сирија. Покрај ужасот и агонијата шти ги предизвикуваат сите овие спомени, за жал принудени сме да се сеќаваме на истите, за да ние како суштества кои можеме да се излажеме, не заборавиме што е добро за нас.

Мора да се признае дека ова не е лесна работа. Но, клучот е да се запамети злото без да се подлегне на неговата траума и да бидете под под негова контрола. За соочување со злото, водење борба против истото и непотпаѓање под лошто влијание на уроците, треба интелектуална моќ и морална храброст. Впрочем тоа е и суштинската задача.

Подеднакво важно е да се сеќаваме на доброто, благородното и убавото, така што ќе може да се води живот во кој ќе владеат разумот, доблеста и правдата и тоа без да се бега во свет на соништа и илузии.

Заборавањето и памтењето, двата поими содржат доблест. Затоа од клучно Кој од наведените поими ќе го употребуваме има доста критично значење од аспект на тоа како да станеме подобри луѓе.



Слични вести