Во Ерзинџан пристигна и втората група Турци Ахиска од Украина

По првата група во градот Ерзинџан пристигна и втората група Турци Ахиска составена од 35 семејства вкупно 177 лица кои со авион од Харков во источниот дел на Украина беа донесени во Турција

444684
Во Ерзинџан пристигна и втората група Турци Ахиска од Украина

Со наредба на претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган и во координација на прмеиерот Ахмет Давутоглу од Украина во градот Ерзинџан пристигна и втората група на Турците Ахиска кои ќе бидат населени во Турција.

Завршува копнежот по татковина на Турците Ахиска кои од 1944 година кога во времето на Советскиот Сојуз по наредба на Сталин беа протерани од своите родни места во Централна Азија.

Откако Турците Ахиска кои живееја во Украина беа подложени на негативното влијание и е беа под закана на судирите во источните делови на оваа земја по наредба на претседателот Ердоган и во координација на премиерот Ахмет Давутоглу беше стапено во акција за нивно донесување и населување во Турција.

По првата група составена од 116 семејства вкупно 439 Турци Ахиска кои на 25 декември 2015 година од Украина беа донесени во насленото место Узумлу кај градот Ерзинџан, пристигна и втората група составена од 35 семејства вкупно 177 Турци Ахиска кои со авион од Харков во источниот дел на Украина беа донесени во Турција.

Во Турција ќе бидат донесени и населени вкупно 677 семејства Турци Ахиска.

Првата група Турци Ахиска беше населена во населеното место Узумлу кај ргадот Ерзинџан, додека друг центар за нивно населување ќе биде подрачјето на градот Битлис.

Турците Ахиска во 1944 година во времето на Советскиот Соуз по наредба на Сталин од нивните родни места на Црноморските крајбрежја беа качени во товарни возови и беа протерани во Централна Азија, во Казахстан, Киргистан и Узбекистан.

По распаѓањето на Советскиот Сојуз и со објавените руски архивски документи беше докажано дека ова протерување на Турците Ахиска од нивните родни места беше дел од операцијата на Сталин за исчистување на Турците од Црноморските крајбрежја.

За време на ова масовно протерување на Турците Ахиска илјадници од нив го загубија животот по патот.



Слични вести