„Турција во Гвинеја доаѓа како братска земја, а не како колонизаторите во минатото“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган истакна дека Турција во Гвинеја доаѓа како братска земја, а не како колонизаторите во минатото

444228
„Турција во Гвинеја доаѓа како братска земја, а не како колонизаторите во минатото“

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган престојуваше во Гвинеја, четвртата и последна станица од неговата турнеја по четири земја на западна Африка.

За време на посетата беа потпишани низа договори за соработка помеѓу Турција и Гвинеја во 9 главни наслови и тоа одбраната, економијата и здравството.

По остварените средби и разговори претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и гвинејскиот претседател Алфа Конде одржаа заедничка конференција за претставниците на печатот.

Во говорот што го одржа во оваа пригода претседателот Ердоган истакна дека Турција во Гвинеја доаѓа како братска земја, а не како колонизаторите во минатото.

Велејќи „Гвинеја освен како пријателска земја, ја оценувам и за братска земја“, Ердоган ја даде радосната вест дека Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) на почетокот на јуни ќе започне летови за Гвинеја.

Претседателот Ердоган се осврна и на билатералните односи помеѓу Турција и Гвинеја во врска со што напомена дека Гвинеја располага со подземни и надземни богатства и дека обемот на трговската соработка од 69 милиони долари во прва етапа се има за цел да биде зголемен на 250 милиони долари, а потоа и на 500 милиони долари.

Гвинејскиот претседател Алфа Конде го изрази задоволството од посетата на претседателот Ердоган и рече: „ Господинот претседател овде не допатува само како претседател туку и како наш муслимански брат. Оваа негова посета ќе послужи како голем пример за Гвинејците. Има многу работи кои што треба да ги научиме.“

Претседателот Ердоган го соопшти и роденденскиот подарок за гвинејскиот претседател Конде и рече дека локалната самоуправа на Истанбул ќе му подари 50 градски автобуси-метробуси на главниот град на Гвинеја Конакри.

Гвинејскиот претседател Алфа Конде пред овој изненадувачки подарок својата радост ја изнесе прегрнувајќи го претседателот Ердоган.

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган по остварената посета на Гвинеја синоќа се врати во земјата.



Слични вести