Потпретседателот на Владата Нуман Куртулмуш ќе замине за Индонезија

Потпретседателот на Владата Нуман Куртулмуш во Џакарта ќе учествува на петтиот Вонреден самит на Организацијата за исламска соработка (ОИС)

444433
Потпретседателот на Владата Нуман Куртулмуш ќе замине за Индонезија

Потпретседателот на Владата Нуман Куртулмуш ќе отпатува за главниот град на Индонезија, Џакарта каде што ќе учествува на петтиот Вонреден самит на Организацијата за исламска соработка (ОИС).

Куртулмуш на самитот што ќе се одржи на 6 и 7 март ќе говори на тема „Палестина и Ерусалим“.

За време на престојот во Џакарта потпретседателот на Владата Нуман Куртулмуш се очекува да се состане и со индонезискиот претседател Јоко Видодо, а ќе оствари одделни средби и со лидерите на земјите членки на Организацијата за исламска соработка (ОИС).

Нуман Куртулмуш по својата официјална програма ќе оствари разговори и со претставниците на некои граѓански организации во Индонезија.



Слични вести