Во Бајрампаша во Истанбул убиени две вооружени напаѓачки жени-терористи
Безбедносните сили убија две жени-терористи кои извршија вооружен напад на Управата на одделот за полициските сили за брза интервенција во населбата Бајрампаша во Истанбул

Убиени две жени-терористи кои извршија вооружен напад на Управата на одделот за полициските сили за брза интервенција (Чевик Куввет) во населбата Бајрампаша во Истанбул.
Двете жени-терористи најпрвин отворија оган и фрлија бомба на автобусот на полицијата за брза интервенција (Чевик Куввет), а потоа откако на огнот одговори и полицијата избегаа и се сокрија во станот на една зграда.
Безбедносните сили презедоа безбедносни мерки од широк обем околу зградата каде што веднаш пристигнаа и полициски сили за специјални операции.
Терористите не одговорија на повикот на полицијата да се предадат по што беше реализирана операција во која двете жени-терористи беа убиени.
За двете жени-терористи беше установено дека биле членови на терористичката организација ДХКП-Џ.
Валијата на Истанбул Васип Шахин изјави дека за време на операцијата биле полесно ранети двајца полицајци.
Во меѓувреме моментот на вооружениот напад беше снимен и од страна на безбедносните камери на местото на настанот.
На снимките се гледа како едната од двете жени-терористи во моментот на поминување на автобус на полицијата за брза интервенција пука со автоматско оружје, а втората жена-терорист фрла рачна бомба и потоа почнува да пука со пиштол.