Лани во Турција беа фатени околу 91 илјада илегални имигранти

Турција вложува огромни напори за спречување на нерегуларната имиграција и спасување на животите на имигрантите кои по илегални патишта се обидуваат преку Егејското море да преминат во Грција

443559
Лани во Турција беа фатени околу 91 илјада илегални имигранти

Министерот за внатрешни работи Ефкан Ала рече дека лани во Турција беа фатени околу 91 илјада илегални имигранти.

Во говорот на пленарната седница на генералното заседание на собранието посветен на предлог-законот за буџетот за 2016, министерот Ефкан Ала потенцираше на прашањето во врска со илегалните имигранти.

Турција вложува огромни напори за спречување на нерегуларната имиграција и спасување на животите на имигрантите кои по илегални патишта се обидуваат преку Егејското море да преминат во Грција.

Во 2015 година беа фатени 91 611 имигранти кои по илегални патишта сакаа да преминат во западните земји. Во споредба со претходната година беше постигнат напредок од 6 насто во фаќањето на имигрантите.

На 37 487 имигранти од 126 различни земји им беше ставена забрана за влез во Турција, додека 3 207 имигранти од 95 различни земји беа депортирани, рече министерот Ала и подвлече дека Турција е една од земјите која води најактивна борба против глобалниот тероризам.

Ако се земат во предвид случувањата на Блискиот исток во последниот период, нестабилноста и дестабилизацијата во овие земји овозможуваат нови простори за движење на терористите и терористичките гнезда, рече министерот Ала и потенцираше дека како последица на неповолната средина во Сирија и Ирак, терористичките организации формираат сојузи и воспоставуваат меѓусебна соработка и на тој начин извршуваат напади во целиот свет.

Последиците на соработката меѓу терористичките групи можат да се видат во последниот напад на 17 февруари во Анкара во кој загинаа 29 граѓани, а 81 граѓанин беа повредени, рече министерот Ала.

Во освртот на случувањата во Југоисточна Анадолија, министерот Ала рече дека се води беспоштедна борба против терористите кои се вгнездиле во градовите и помалите гратчиња и општини, и во тие рамки се вложуваат големи напори за уништување на терористите, кревањето на стапиците со експлозиви и барикадите, како и обезбедување целосна безбедност на животите и имотите на граѓаните.



Слични вести