Ја каниме Меркел на 8 март да допатува во Килис

Покана до германската канделарка Ангела Меркел од жените на Килис

443299
Ја каниме Меркел на 8 март да допатува во Килис

Жените на Килис пограничен град кој прифати повеќе бегалци од Сирија отколку што има население и 2981 сиријка сместени во камповите за бегалци во Килис упатија покана до германската канцеларка Ангела Меркел по повод 8 март Меѓународниот ден на жената да го посети Килис.

По тој повод иљадници жени од Килис и жени бегалци од Сирија одржаа митинг на централниот плоштад на Килис на кој истакнаа плакати на турски, арапски, англиски и германски јазик „не на војната„ и со постери на канцеларката Ангела Меркел.

Нешто потоа учесничките на митингот потпишаа заедничка покана до Меркел на турски,арапски,англиски и германски јазик со молба поканата да биде прифатена и Меркел на 8 март да допатува во Килис на прослава на Меѓународниот ден на жената со цел од прославата да биде упатена порака со поддршка на сите жени на светот.

Поканата напишана на хартија во должина од 19,1 метар и широчина од 1,5 метри која беше предадена на градската пошта за да биде испратена до канцеларката Ангела Меркел воедно е кандидат за Гинисивата книга на рекорди, изјавија организаторите на митингот.



Слични вести