Грција согласно договорот за реадмисија врати 150 мигранти во Турција

Грција во рамките на постигнатиот договор за реадмисија врати 150 мигранти во Турција кои во земјата влегле по незаконски патишта

442672
Грција согласно договорот за реадмисија врати 150 мигранти во Турција

Согласно постигнатиот договор за реадмисија помеѓу Турција и Грција е остварено и првото враќање назад на мигранти од Грција во Турција.

Во тие рамки Грција од групата составена од 300 мигранти врати 150 мигранти во Турција.

Согласно договорот грчката погранична полиција донесе на турско-грчкиот граничен премин 150 мигранти со мароканско, туниско и алжирско државјанство кои влегле во земјата по незаконски патишта.

Мигрантите во томпон зоната помеѓу Кипи и Ипсала им беа предадени на турски надлежни органи по што по нивно евидентирање мигрантите со автобуси беа испратени во Центарот за депортирање Едирне.

Во текот и на денешниот ден се очекува мигранти од Грција да бидат вратени во Турција.



Слични вести