„Турција нема да потклекне пред песимистичките сценарија кои се пишуваат во темни одаи“

Премиерот Ахмет Давутоглу во говорот „На патот на нова Турција“ се осврна на случувањата во Сирија, борбата против тероризмот и работите за подготвување на новиот устав

442278
„Турција нема да потклекне пред песимистичките сценарија кои се пишуваат во темни одаи“

Премиерот Ахмет Давутоглу рече дека Турција нема да потклекне пред песимистичките сценарија кои се пишуваат во темни одаи во врска со неја и дека тероризмот нема и не може да има никаква улога во Турција.

Во говорот „На патот на нова Турција“ премиерот Ахмет Давутоглу се осврна на случувањата во Сирија, борбата против тероризмот и работите за подготвување на новиот устав.

Укажувајќи на состојбата во Сирија, премиерот Давутоглу ја предупреди меѓународната заедница со следните зборови: „Русија, заедно со режимот во Сирија, ПКК и ЈПГ сакаат да формираат терористички појас на јужната граница на Турција.“

Давутоглу истакна дека меѓународната заедница, а пред се САД и Русија веќе треба да се однесуваат искрено и да се соочат со вистините, по што рече: „Во овој процес треба да се спречат и оние кои искористувајќи го овој хаос се обидуваат да ја прошират својата доминација во регионот и терористичките структури кои за жал ја добиваат поддршката и на некои држави.“

Нагласувајќи дека нема да се дозволат да бидат реализирани сценаријата насочени против Турција, премиерот Ахмет Давутоглу рече: „Ние сме свесни за играта. Нема да ја дозволиме реализацијата на ниту едно сценарио насочено против Турција, ниту внатре во земјата, ниту надвор од земјата. Националната безбедност на оваа земја е над сите интереси, рамнотежи и партнерства. Секој треба да знае дека немаме потреба да добиеме дозвола по ова прашање од никого.“

Во врска со работите за подготвување на новиот устав пак, премиерот Давутоглу рече: „Ниту една политичка партија во собранието не може и не треба да избега од оваа одговорност. Политиката е занимање кое се потпира на меѓусебен разговор, на дијалог и на преговарање. Политиката треба да го презентира добронамерниот и конструктивен став што и се паѓа во оваа точка.“



Слични вести