„Турција, земја во која најинтензивно се доживува приливот на мигранти“

Претседателот Ердоган истакна дека земја во која најинтензивно се доживува приливот на мигранти е Турција

441790
„Турција, земја во која најинтензивно се доживува приливот на мигранти“

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган престојува во посета на Брегот на Слоновата Коска, првата станица од неговата турнеја по четири земји од западна Африка.

Ердоган во претседателскиот дворец од страна на претседателот на Брегот на Слоновата Коска Аласан Ватара беше дочекан со официјална церемонија.

Претседателот Ердоган ја поздрави почесната гарда по што беа интонирани националните химни на двете земји.

Двајцата претседатели Ердоган и Ватара позираа пред печатот по што се премина кон разговори меѓу делегациите на двете земји.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и неговиот домаќин претседателот на Брегот на Слоновата Коска Аласан Ватара потоа одржаа средба лице в лице.

Ердоган и Ватара по средбата се појавија пред камерите и одржаа заедничка конференција за печатот.

Претседателот Ердоган истакна дека на разговорите станало збор за прашања посветени на борбата против тероризмот во Африка и Турција и напомена дека светот повторно западна во хаос во точката на проблемот со мигрантите.

Укажувајќи дека земја во која најинтензивно се доживува приливот на мигранти е Турција, претседателот Ердоган рече: „Во моментов приливот на мигранти од Сирија и Ирак кон мојата земја изнесува 3 милиони и овие 3 милиони ние ви моментов ги згрижуваме во нашата земја како наши гости. Ние не ги затворивме нашите врати за нив и не ги затвораме како што прават западните земји. Ако погледнеме кон финансиските можности, нивните финансиски можности се подобри од нас. Меѓутоа тие велат 'никако' не ги прифаќаат и не ги пуштаат од своите врати. Некои како така успеваат да влезат, меѓутоа гледаме дека поради тоа се соочуваат со тешотии во сериозен степен.“

Претседателот Ердоган се осврна и на прекинот на огнот во Сирија во врска со што потсети дека овој договор за прекин на судирите во Сирија кој што е во својство на делумен и привремен прекин на огнот се прекршува.

Велејќи дека не постои прекин на огнот во цела Сирија и дека нападите продолжуваат Ердоган рече: „Би можел да кажам дека не станува збор за прекин на огнот во цела Сирија. Јас посакувам ова да се прошири во цела Сирија и сите заедно да го видиме тоа.“



Слични вести