Турската артилерија ги гранатираше позициите на ДЕАШ во Сирија

Турските артилериски единици испалија приближно 40 топовски истрели врз 10 утврдени цели на терористичката организација ДЕАШ северно од градот Алепо

441785
Турската артилерија ги гранатираше позициите на ДЕАШ во Сирија

Турските вооружени сили (ТВС) вчера во попладневните часови ги гранатираа со хаубици од типот “Фиртина“ целите на терористичката организација ДЕАШ во Сирија.

Според добиени информации од воени извори целите на терористичката ДЕАШ беа погодени од страна на артилериските единици на Турските вооружени сили.

Врз 10 утврдени цели на терористичката ДЕАШ северно од градот Алепо меѓу кои се наоѓаа команден штаб, повеќецевни ракетни фрлачи поставени на возила и позиции со тешко наоружување беа испалени приближно 40 топовски истрели.



Слични вести