Сочувство од Турција до Русија по повод рударската несреќа во Коми

МНР на Турција објави соопштение по повод рударската несреќа во Автономната Република Коми во составот на Руската Федерација

441173
Сочувство од Турција до Русија по повод рударската несреќа во Коми

Турција го изрази своето жалење по повод рударската несреќа во Автономната Република Коми во Русија.

Во објавеното соопштение од министерството за надворешни работи се вели следното: „Со жалење ги следиме вестите во врска со големиот број загинати во рударската несреќа и големиот број лица кои сеуште се наоѓаат затрупани во рудникот. Го изразуваме нашето сочувство до рускиот народ за загинатите, а на повредените им посакуваме побрзо оздравување.“

Во продолжението на соопштението се додава и следното: „Се надеваме дека ќе бидат извлечени живи рударите и припадниците на екипите за пребарување и спасување кои поради експлозиите се наоѓаат заглавени во рудникот.“



Слични вести