Испратена помош за сириските бегалци на турско-сириската граница

Испратена помош од 10 ТИР камиони за сириските бегалци сместени во формираните кампови на турско-сириската граница

441271
Испратена помош за сириските бегалци на турско-сириската граница

И покрај стапувањето во сила на договорот за прекин на огнот во Сирија силите лојални на режимот на Асад ги продолжуваат нападите од воздух и од копно против цивилните населени места во различни делови на оваа земја.

Народот пак кој бега од овие напади се засолнува во Турција која им ја отвори својата прегратка на голем број сириски бегалци.

Турција продолжува да им доделува помош и на големиот број бегалци кои се сместени во формираните кампови на турско-сириската граница.

Општина Ејуп во Истанбул и голем број граѓански организации започнаа кампања за собирање помош за Сиријците кои се згрижени во камповите на границата.

Голема поддршка на оваа хуманитарна кампања пристигна и од турските граѓани.

Во тие рамки 10 ТИР камиони натоварени со итни потреби за живот тргнаа на пат кон регионот каде што помошта ќе и биде предадена на Хуманитарната организација за човекови права и слободи и хуманитарна помош ИХХ.

Потпретседателот на ИХХ Јакуп Ишик нагласи дека Турција со помошта што им ја доставува на бегалците ја исполнува својата задача како соседна земја и додаде дека исто така чувствителност кон ова хуманитарно прашање покажуваат и граѓанските организации и локалните управи.



Слични вести