Давутоглу му честита на Тачи за изборот за претседател на Косово

Премиерот Ахмет Давутглу го побара по телефон Хашим Тачи и му честита за изборот за претседател на Косово

441132
Давутоглу му честита на Тачи за изборот за претседател на Косово

Премиерот Ахмет Давутоглу го побара по телефон Хашим Тачи на кого му честита за изборот за претседател на Косово.

Во телефонскиот разговор Давутоглу истакна дека Турција по стекнувањето со својата независност го поддржува Косово во секоја сфера и ќе продолжи да го поддржува со одлучност и во иднина.

Давутоглу напомена дека Турција му придава големо значење на процесот на интеграцијата на Косово во европските и евро-атлантските структури како и на неговиот пат да стане силен и угледен член на семејството на народите во светот.

Премиерот Ахмет Давутоглу исто така потсети дека Турција беше првата земја која ја призна независноста на Косово.

Новоизбраниот претседател на Косово Хашим Тачи му се заблагодари на премиерот Давутоглу за честитката.

Тачи истакна дека ја доставува својата благодарност до премиерот Давутоглу и турскиот народ за поддршката што ја даваат на Косово уште од денот на прогласување на независноста.




Слични вести