Давутоглу и Меркел разговараа за илегалната миграција и Сирија

Давутоглу и Меркел остварија телефонски разговор посветен на борбата против илегалната миграција и состојбата во Сирија

441245
Давутоглу и Меркел разговараа за илегалната миграција и Сирија

Премиерот Ахмет Давутоглу и германската канцеларка Ангела Меркел остварија телефонски разговор посветен на борбата против илегалната миграција и состојбата во Сирија.

Според добиени информации од владини извори телефонскиот разговор бил остварен на барање на германската канцеларка Ангела Меркел.

Премиерот Давутоглу ја информираше Меркел дека почитувањето на постигнатиот договор за прекин на судирите во Сирија пред се е од животно значење од аспект на безбедноста на сириските цивили и дека не треба да им се дозволи на терористичките групи како ДЕАШ и ПЈД/ЈПГ да ја искористат оваа состојба.

Во телефонскиот разговор беше разгледана и актуелната состојба во соработката меѓу Турција и Германија и Турција и ЕУ во борбата против илегалната миграција, при што двајцата лидери го изразија задоволството од соработката што се реализира меѓу надлежните органи на Турција, Германија и ЕУ.

Давутоглу и Меркел постигнаа компромис по прашањето на продолжување на соработката за која станува збор со нејзино зголемување, а исто така го нагласија и значењето на активностите за кои што се предвидува да се реализираат од страна на НАТО во водите на Егејското Море, а со цел да се придонесе во борбата против илегалната миграција.

Двајцата лидери, Ахмет Давутоглу и Ангела Меркел, во телефонскиот разговор го истакнаа и тоа дека самитот Турција-ЕУ закажан за 7 март освен за актуелни прашања како што е миграцијата ќе претставува значајна можност за разгледување и на постигнатиот напредок во односите меѓу Турција и ЕУ.



Слични вести