Продолжува дијалогот помеѓу Турција и Грција

Политичките преговори помеѓу двете земји ќе се одржат утре (29 февруари понеделник), а 60-тата рунда од прелиминарните средби на 11 март во Атина

440935
Продолжува дијалогот помеѓу Турција и Грција

Продолжува дијалогот помеѓу Турција и Грција...

Политичките преговори помеѓу двете земји ќе се одржат утре (29 февруари понеделник), а 60-тата рунда од прелиминарните средби на 11 март во Атина.

На разговорите ќе стане збор за проблеми како што се утврдувањето на широчината на територијалните води во Егејското Море и на континенталниот гребен.

Освен тоа на маса ќе бидат поставени и наслови како што се Кипарските преговори и мигрантската криза кои го зачувуваат своето место на актуелниот дневен ред.

59-тата рунда од разговорите помеѓу двете земји се одржа во декември 2015 година во Истанбул.

Инаку помеѓу двете соседни земји постојат два значајни канали за дијалог и тоа прелиминарни средби и процесот за зголемување на мерките на доверба.

Односите помеѓу Турција и Грција кои почнувајќи од 1999 година постојано се развиваат веќе се дојдени до значајно ниво.

Со состаноците за стратешка соработка на високо ниво односите помеѓу двете земји се унапредуваат до уште понапреден степен во секоја сфера.




Слични вести