Претседателот Ердоган од денеска на турнеја по 4 земји од западна Африка

Претседателот Ердоган од денеска излегува на турнеја по 4 земји од западна Африка и тоа Брегот на Слоновата Коска, Гана, Нигерија и Гвинеја

440746
Претседателот Ердоган од денеска на турнеја по 4 земји од западна Африка

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган денеска ја започнува својата турнеја по земјите на западна Африка во чии рамки ќе ги посети Брегот на Слоновата Коска, Гана, Нигерија и Гвинеја.

На тој начин претседателот Ердоган ќе стане прв претседател на Турција кој ќе ги посети Брегот на Слоновата Коска и Гвинеја.

Претседателот Ердоган за време на оваа негова турнеја ќе биде придружуван од страна на голем број бизнисмени.

Во рамките на посетите се планира да бидат потпишани низа договори за соработка во голем број сфери.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган најпрвин ќе престојува во посета на Брегот на Слоновата Коска, а потоа ќе ги посети Гана, Нигерија и Гвинеја со што ќе биде продлабочена уште повеќе и соработката помеѓу Турција и африканскиот континент.

Посетите на овие четири земји кои воедно се и членови на Економската заедница на западно-африканските држави (ECOWAS) истовремено ја изнесуваат и желбата на Турција во правец на развивање на односите со Економската заедница на западно-африканските држави, како значајна регионална организација на континентот Африка.

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган минатата година престојуваше во посета на Етиопија, Џибути и Сомалија.

Во Брегот на Слоновата Коска која по Нигерија располага со втора по големина економија во западна Африка има богати лежишта на железо и бакар, додека најголемото пристаниште на западно-африканските крајбрежја се ноаѓа во Абиџан кој воедно е и најголем град на оваа земја.

Освен тоа Брегот на Слоновата Коска е водечка земја во светот по производството на кафе, какао и палмино масло.

Во последните години се доживува значаен развој во трговските односи помеѓу Турција и Брегот на Слоновата Коска, така што обемот на трговската соработка помеѓу двете земји се доближи до 400 милиони долари.

Целта е во 2020-та година да се достигне до трговски обем од една милијарда долари.

Турските инвеститори располагаат со инвестиции во Брегот на Слоновата Коска во висина од 150 милиони долари.




Слични вести