Фатени уште 644 илегални мигранти

Во последните реализирани операции во близина на Чанаккале, Киркларели, Измир и Сеферихисар фатени уште 644 илегални мигранти со авганистанско и сириско државјанство

440682
Фатени уште 644 илегални мигранти

Во близина на градовите Чанаккале и Киркларели фатени 179 илегални мигранити кои по незаконски патишта се обидувале да заминат за странство.

Жандармериските екипи при реализираните контроли во населеното место Ајваџик кај градот Чанаккале фатија вкупно 149 лица од кои 64 со авганистанско и 85 со сириско државјанство кои се обидувале да заминат за европските земји.

Слична операција беше реализирана и во градот Киркларели каде што беа фатени вкупно 30 лица од кои 20 со авганистанско и 10 со сириско државјанство кои се подготвувале по незаконски патишта да ја преминат границата.

Воедно во две одделно реализирани операции во водите на Егејското Море во близина на градот Измир беа фатени 292 илегални мигранти кои по незаконски патишта се обидувале да заминат за Грција.

Во близина на Сеферихисар исто така во Егејското Море пак беа фатени 173 илегални мигранти кои се обидуваа да заминат за грчкиот остров Самос (турски Сисам).





Слични вести