Вчера беа погребани уште двајца турски војници кои загинаа во Сур
Посмртните остатоци на јунаците ќе бидат испратени во родните места

Двата турски војници кои загинаа во операциите против терористичката организација ПКК во Сур кај Дијабакир беа погребани во родните места.
Десетарот Селчук Дост беше погребан во Адијаман, а десетарот Јеткин Ершан во Хатај.
Во рамките на вчерашната комеморација што беше приредена по повод погребувањето на двата турски јунаци, пристигна уште една тажна вест за смртта на уште двајца јунаци.
Во терористичките напади во Сур кај Дијарбакир беа повредени десетарите Мустафа Качар и Осман Каплан кои беа пренесени на лекување во државната болница.
Но покрај сите медицински интервенции, за жал повредените војници подлегнаа на повредите.
По комеморацијата што ќе се одржи во Дијарбакир, посмртните остатоци на јунаците ќе бидат испратени во родните места.
Во меѓувреме, во судирите меѓу безбедносните сили и терористите во Кизилтепе кај Мардин беше убиен еден, а еден терорист беше фатен жив.
Безбедносните сили заедно со терористите ги запленија оружјето и муницијата на терористите.