Остри реакции од државниот врв против Тугба Хезер

Пратеникот кој учествува во предните редови на секоја акција на терористичката организација, е терорист, а не пратеник

439466
Остри реакции од државниот врв против Тугба Хезер

Претставниците на државниот врв на Турција остро реагираа против Тугба Хезер, пратеничка на Демократската партија на народите (ХДП) која учествуваше на комеморацијата на терористот кој го изврши самоубиствениот терористички напад на 17 февруари 2016, среда навечер во кој загинаа 29, а 60 лица беа повредени.

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган во врска со тоа рече:

Пратеникот кој учествува во предните редови на секоја акција на терористичката организација, е терорист, а не пратеник.

Претседателот Ердоган, во говорот на 21-та средба со претседателите на месните заедници во претседателскиот дворец, остро ја критикуваше пратеничката на Демократската партија на народите (ХДП) која можеше да учествува на комеморацијата на сторителот на кривичното тело, односно терористот и самоубиствен напаѓач на нападот во Анкара и да изрази сочувство, а не може да ја потпише декларацијата на Собранието против тероризмот.

Народот веќе нема толеранција и трпение кон партијата која не прави ништо освен портпаролство на терористичката организација, рече претседателот Ердоган поради што упати повик до сите пратеници во собранието да бидат поразумни и да ги преземат потребните активности.

Премиерот Ахмет Давутоглу во пораката преку профилот на Твитер напиша:

Партијата која наводно се залага за подобра иднина на Турција, за жал не ја потпиша заедничката декларација која беше потпишана од страна на трите партии под кровот на Големото национално собрание на Турција. Покрај тоа што не можеа да го осудат тероризмот, една пратеничка на Демократската партија на народите (ХДП) најде за сходно да учествува на комеморацијата на терористот кој немилосрдно ги уби нашите граѓани. Учеството на комеморацијата на еден убиец кој убил невини луѓе и изразување почит е најголемо предавство на човештвото. Турција нема да наседне на игрите на сите оние средини кои што сакаат да предизвикаат етничка поларизација во земјава и кои се поигруваат со жалоста на граѓаните. Турција е најголем пријател на оваа географија како на Туркменците така и на Арапите. И историјата и народот е на нашата страна, рече премиерот Давутоглу.

И потпретседателот на владата Нуман Куртулмуш остро реагираше кон пратеничката на Демократската партија на народите (ХДп) која учествуваше на комеморацијата на терористот.

Куртулмуш својата реакција ја изрази со следните зборови:

Овде завршуваат сите зборови. Отсега натаму нема што да се каже. Ова претставува очигледен доказ за соработка со кукавиците кои имаат и гаат лоши намери кон народот. Соучествувањето во предавството отворено претставува противење на волјата на народот. Затоа мислам дека ваквото однесување нема и не може да има никакво појаснување и образложение. рече Куртулмуш.



Слични вести