„Заедно со Сомалија во литературата е прифатен и моделот на турски тип помош“

Ердоган: Сомалија стана симбол на нашата врска која сакаме да ја воспоставиме со нашите африкански браќа. Заедно со Сомалија во литературата е прифатен и моделот на турски тип помош

438161
„Заедно со Сомалија во литературата е прифатен и моделот на турски тип помош“

Турција продолжува да придонесува во повторната изградба на Сомалија...

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган одржа заедничка конференција за печатот со сомалискиот претседател Хасан Шеик Махмуд и заменикот на генералниот секретар на ОН Јан Елијасон.

Ердоган истакна дека државата, приватниот сектор и граѓанските организации на Турција за 5 години и доставија поддршка на Сомалија во износ од 600 милиони долари.

Претседателот Ердоган рече: „Сега ние имаме едно ветување: Секој месец на сомалиските власти ќе им доставуваме поддршка во износ од по 2 милиони долари.“

Велејќи „Сомалија стана симбол на нашата врска која сакаме да ја воспоставиме со нашите африкански браќа“, Ердоган нагласи дека заедно со Сомалија во литературата е прифатен и моделот на турски тип помош.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган продолжи со следните зборови: „Сомалија речиси стана симбол на начинот на поглед на нашата земја кон континентот Африка и на врската која ние сакаме да ја воспоставиме со нашите африкански браќа. Заедно со Сомалија веќе во литературата почна да се дискутира и е прифатен моделот на турски тип помош. Ние во соработка со меѓународната заедница и регионалните земји со помош на Аллах ќе ги продолжиме овие наши активности се додека се воспостави спокојството во Сомалија и се додека оваа земја стане земја на мирот и стабилноста во вистинска смисла на зборот.“

Подвлекувајќи дека меѓународната заедница треба поактивно да настапи на терен во Сомалија и да ги зголеми своите активности во оваа земја, претседателот Ердоган рече: „Особено по прашањето на инвестирањата веќе треба да се фрлаат похрабри и поодлучни чекори. Турско-сомалискиот бизнис-инвестициски форум што се одржа вчера посакувам да послужи како пример за сите меѓународни инвеститори.“



Слични вести