Во близината на караулата Муршитпинар фатени двајца терористи на ЈПГ

Целта на терористите била да пружат поддршка на терористите на ПКК во Нусајбин

438831
Во близината на караулата Муршитпинар фатени двајца терористи на ЈПГ

Во близината на пограничната караула Муршитпинар кај Шанлиурфа беа фатени двајца терористи на ЈПГ кои се обидуваа да ја преминат границата со цел да им дадат помош на терористите на ПКК во Нусајбин.

Вооружени 3 терористи со ранци на грбот кои по илегален пат се обидуваа да влезат во Турција преку териториите на Сирија кои се наоѓаат под контрола на ПЈД/ПКК, сакаа да ја искористат маглата.

По интервенцијата, двајца терористи беа фатени живи, додека еден терорист кој беше повреден успеа да побегне во Сирија.

Терористите кои беа фатени на сослушувањето истакнаа дека целта им била да пружат поддршка на терористите на ПКК во Нусајбин, поради што ја преминале границата.

Безбедносните сили кои започнаа акција интервенираа против терористите, запленија 1 пешадиска пушка од типот М-16, 2 пешадиски автоматски пушки калашников, 8 рачни бомби, 2 дурбини за снајпер, 12 полни шаржери и муниција за оружјето како и три ранци.



Слични вести